Пред неколку месеци медиумите ги преплави веста за храбриот тинејџер Зак Собиек, кој боледуваше од неизлечлив тип на рак, а кој создаде песна преку која се збогуваше со своите најмили. Приказната на Зак допре до сите. Тој сакал да остави песна по која ќе го паметат и неговото видео доби милиони прегледи.
Како што пренесуваат американските медиуми, осумнаесет годишниот Зак вчера ја загуби битката со болеста и почина во својот дом.
На Зак на 14 години му бил дијагностициран остеосарком, а кога лекарите му рекле дека веќе нема што да се направи и дека му преостануваат уште три месеци живот тој реши да ја создаде песната „Clouds“ за да се збогува со најблиските.