Почина организаторот на демонстрациите во Косово во 1981 година, Бајруш Бехрами


Еден од главните организатори на демонстрациите во Косово во 1981 година, Бајруш Бехрами, почина на 62-годишна возраст.
Бехрами, кој одлежал казна од 10 години затвор поради учество во организирањето на студентските демонстрации, бил припадник и на Ослободителната војска на Косово (ОВК) од 1998 до 1999 година, а по војната беше и претседател на Партијата за национално единство, „Уникомб“.

Демонстрациите на студентите во Приштина, кои потоа се проширија низ цело Косово, а кои беа задушени со силна интервенција на тогашната југословенска полиција, поддржана и од војската, и со казнување на голем број Албанци, обвинети за иредентизам, низ цела тогашна Југославија, се сметаат за „почеток на крајот“ на југословенската федерација.

Освен тоа, многу современи историчари сметаат дека, заедно со протестите на полските синдикати, предводени од Лех Валенса, а кои започнаа неколку месеци порано, овие демонстрации го означија и почетокот на крајот на комунистичките режими во Европа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1