Актерот Маринко Маџгаљ почина денеска после тешката болест во својата 37. година од животот.
Маринко е роден во 1978 година во Белград, но детството го поминал во Котор.
Популарноста ја стекна во серија „Црни Грујо“, но стана и препознатлив по групата „Фламингоси“.
Маринко подолг период боледуваше од рак на панкреас.
Нека почива во мир.