Почина актерот Бери Џенер, ѕвездата од серијата „Ѕвездени патеки“, каде ја играше улогата адмирал Вилијам Рос.
Актерот Бери Џенер најпознат по улогите во „Далас“, „Ѕвездени патеки“ и „Под истиот покрив“ во вторникот во Лос Анџелес на свои 75 години ја изгуби битката со леукемијата.
Се појави во 12 епизоди во седмата сезона на научно-фантастичната серија „Ѕвездени патеки: Длабоко место 9“, кадешто го толкуваше адмиралот Вилијам Рос.
Сочувство до семејството на Бери Џенер изрази неговиот колега од „Ѕвездени патеки“Армин Шимерман кој порача:
„Срцето ми е скршено. Тагувам и не верувам. Почина мој добар пријател. Изразувам сочувство на сопругата Сузан и на сите оние кои го сакаа“.
Фановите на култната серија се завиени во црно.