Почина славниот актер – Ја изгуби борбата со леукемијата


Почина актерот Бери Џенер, ѕвездата од серијата „Ѕвездени патеки“, каде ја играше улогата адмирал Вилијам Рос.

Актерот Бери Џенер најпознат по улогите во „Далас“, „Ѕвездени патеки“ и „Под истиот покрив“ во вторникот во Лос Анџелес на свои 75 години ја изгуби битката со леукемијата.1beri-djener

Се појави во 12 епизоди во седмата сезона на научно-фантастичната серија „Ѕвездени патеки: Длабоко место 9“, кадешто го толкуваше адмиралот Вилијам Рос.

Сочувство до семејството на Бери Џенер изрази неговиот колега од „Ѕвездени патеки“Армин Шимерман кој порача:

„Срцето ми е скршено. Тагувам и не верувам. Почина мој добар пријател. Изразувам сочувство на сопругата Сузан и на сите оние кои го сакаа“.

Фановите на култната серија се завиени во црно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1