stojanДавчев е истакнат бизнисмен и менаџер, кој повеќе од 30 години успешно опстојува на територијата на поранешна Југославија, на Балканот, во Европа, Азија, Африка, САД и Канада. За својата работа и стручност има добиено многу награди, дипломи, благодарници и највисоки професионални признанија. Повеќе години беше претседател на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Македонија, а покрај придонесот за стопанството во земјата, тој беше и голем општественик.

Давчев два пати го доби Гинисовиот рекорд за најголем котел сварен грав, на манифестацијата во Сарчиево, штипско.

Комеморацијата во негова чест ќе се одржи вo сабота од 10 до 11 часот на градските гробишта Бутел, а ќе биде погребан во манастирот Св. Петка во Сарчиево во 13 часот.

МИА