Утрово починал 60-годишен пациент од Струмица, кај кого е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца, тип Б, соопшти Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Пациентот 10 дена бил хоспитализиран на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и повеќе хронични заболувања, како што се акутна бубрежна слабост и хронична миокардиопатија.
И покрај спроведената антивирусна терапија и вложени максимални напори на лекарите од Инфективната клиника, поради масивната билатерална бронхопневмонија пациентот завршил со смртен исход.
На Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 105 пациенти, од кои 6 се во потешка здравствена состојба и се лекуваат на одделението за интензивна нега.