Почина струмичанец – нова жртва на грип во Македонија


Утрово починал 60-годишен пациент од Струмица, кај кого е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца, тип Б, соопшти Клиниката за инфективни болести во Скопје.

h1n1Пациентот 10 дена бил хоспитализиран на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и повеќе хронични заболувања, како што се акутна бубрежна слабост и хронична миокардиопатија.

И покрај спроведената антивирусна терапија и вложени максимални напори на лекарите од Инфективната клиника, поради масивната билатерална бронхопневмонија пациентот завршил со смртен исход.

На Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 105 пациенти, од кои 6 се во потешка здравствена состојба и се лекуваат на одделението за интензивна нега.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1