Почина таткото на компјутерското глувче


e0c35e2c-c7b7-46b1-977f-3fbf82da539f

Даглас Ингелбарт, изумителот на компјутерскиот „глушец”, на првиот сервис за размена на електронска пошта, и кој работел на развивањето на првите верзии на интернет мрежите, почина во средата на возраст од 88 години во сојузната американска држава Калифорнија.

Најпознатиот изум на Даглас Ингелбарт е компјутерскиот „глушец”, уредот кој ги претвора механичките движења на корисникот во електронски сигнали за контрола на компјутерот.

c0e71602-6454-46e0-a3da-ff2d8d2b0e18Ингелбарт го патентираше овој изум во 1970 година, но него го развивал во доцните 1960-тите.

Со идејата за управување на персонален компјутер преку механички движења во споменатиот период бил далеку пред своето време.

Комерцијалната употреба на „глувчето” започна дури во 1984 година, кога компанијата Apple изработи „глувче” како еден од клучните елементи за својот нов компјутер Macintosh.

GTY_doug_engelbart_tk_130703_33x16_992Вкупно во светот од средината на 1980-тите години досега се продадени милијарди уреди, но Ингелбарт не успеа да се збогати врз основа на авторските права, бидејќи во 1987 година истече рокот до кога тој ги поседуваше ексклузивните авторски права.

Ингелбарт, исто така, има значителен придонес и за развојот на други компјутерски и интернет технологии. Така, неговата лабораторија учествуваше во развивањето на мрежата на американската влада ARPANet, којашто стана предвесник на модерниот интернет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1