Почина тетовчанката која беше исфрлена од болница – веднаш по сместувањето во Геријатрија


Почина 52 годишната Нина Диму, која вчера наутро беше донесена од интерното одделени при клиничката болница во Тетово, јави телевизија „Телма“. Од Геронтолошкиот завод во Скопје не соопштуваат како настапила смртта.

tetovo_bolna_zena

Ниту докторите од Клиничката болница во Тетово кои последниве два дена и пружаа здравствена услуга на 52 годишната пациентка не сакаа да коментираат во каква здравствена состојба е пратена Диму во заводот, пренесува „Телма“

Пред два дена лекарите тврдеа дека Нина е контактибилна и нејзината состојба се подобрува. Испитувањата на виталните органи покажале позитивни резултати, Нина според лекарите била истоштена поради неухранетост дехидрираност и нехигиена.

Од Центарот за социјални работи за „Телма“ велат дека Клиничката болница во Тетово одлучила дека Нина треба да бида испишана од болничката установа. Каква и била здравствената состојба одговор треба да дадат лекарите, изјави директорот на Центарот за социјални Работи, Тетово Насер Садики.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1