На 66-годишна возраст, по кратко боледување, почина Владо Јаневски – пејач, текстописец и автор кој остави богато музичко наследство – хитови кои ја одбележаа македонската поп-музика во изминатите неколку децении.
Тој важеше за еден од најдобрите кантавтори и вокалисти на овие простори
Во 1998 година Владо Јаневски беше првиот официјален претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија со „Не зори зоро“,

Зад себе остави шест студиски албуми: „Парче душа“ (1993), „Сѐ најдобро“ (1996), „Далеку е небото“ (1996), „Има нешто посилно од сѐ“ (2002), „Ваков или таков“ (2004) и „Повторно се заљубувам во тебе“ (2006).
Создаде голем број хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.
Роден е на 27 ноември 1960 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет, на Катедрата за англиски јазик и книжевност, а во текот на кариерата бил член на музичките групи „Тост сендвич“, „Бон Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“. Покрај пеењето, свирел клавир, гитара и тапани.










