Починал возачот херој на Итната помош кој цела ноќ превезувал повредени од дискотеката во Кочан


Утрово починал возачот на Брзата помош од Кочани, кој цела ноќ ги превезуваше повредените во страотниот пожар од Дискотеката на смртта во Кочани.

Станува збор за Иле Гоцевски, долгогодишен возач на Брза помош, кој починал кога дошол дома да се одмори по ноќта на хорор. Легнал и повеќе не се разбудил.

Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат од шокот по трагедијата во која загинаа 59 лица, утрово се простуваат од Иле Гоцевски.

За Гоцевски сведочат како за професионалец и човек со големо срце – подготвен да помогне во секој момент, без разлика на времето и условите. Неговата пожртвуваност и човечност ќе останат запаметени.

Оваа ненадејна загуба е тежок удар за неговото семејство, пријателите и колегите. Кочани денес се простува од човекот кој животот го посвети на спасување животи.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1