Почна предизборен молк – раат до недела


Кампањата за првиот круг од претседателските избори закажани за недела на 13 април заврши.  Предизборниот молк започна на полноќ, а поради изборите, според одлуката на ДИК, дводневен прекин ќе има кампањата за предвремените парламентарни избори.

pst tisina molkПрвпат оваа година на претседателските избори ќе има можност да гласа и дијаспората. Македонските државјани кои работат или престојуваат во странство, а кои се пријавиле за гласање, како и внатрешно раселените лица, затворениците, болните, изнемоштените, војниците и оние во домашен притвор ќе гласаат денес.

Граѓаните својот глас ќе можат да го дадат за четворицата кандидати Ѓорге Иванов кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и на коалицијата, Зоран Поповски кандидат на ГРОМ и на коалицијата и Илијаз Халими кандидат на ДПА.

Право на глас, според единствениот Избирачки список, на петите избори за претседател во недела имаат еден милион 779 илјади и 572 избирачи. Во посебните изводи на избирачи кои се наоѓаат во изводите на гласање се запишани еден милион 707 илјади и 228 гласачи.

izboriВкупен број на избирачи кои се на привремена работа и престој во странство се 70.305, а од нив право на глас имаат 8.332, кои се пријавиле за гласање. Во ИЕ 7 (Европа и Африка) се пријавени за гласање 5.892 македонски државјани (Европа и Африка), во ИЕ 8 (Северна и Јужна Америка)-1.426  и во ИЕ 9 (Австралија и Азија) – 1.014. Во средата во ДИК гласаа и 294 членови на избирачките одбори кои ќе ги спроведуваат изборите во дијаспората.

Гласањето во недела кое ќе почне во 7 и ќе заврши до 19 часот ќе се спроведува на 3.480 избирачки места во Македонија и 34 во дијаспората. Оваа година бројот на избирачките места во земјата е зголемен за 504 имајќи ги предвид измените во Изборниот законик според кој во едно гласачко место не смее да има повеќе од 1.000 избирачи.

Претседателските избори ќе ги следат 8325 домашни и 326 странски набљудувачи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1