Почна седницата на Собранието со прва точка предлог-буџетот за 2013 година. Во Собранието не се присутни пратениците на опозицијата. Пред околу еден час и новинарите беа отстранети од галеријата на собраниската сала со образложение дека нема да има седница.
Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници бара итно да им се овозможи непречен пристап на колегите во Собранието за да можат да ги извршуваат своите професионални задачи. Затворање на собраниска седница и насилно исфрлање од страна на полицијата и обезбедувањето на новинарските екипи од вообичаените просториите од каде се следат седниците на парламентот значи нивно попречување на работата и нивниот професионален ангажман а воедно значи забрана за вистинито и објективно информирање за настаните кои ја засегаат јавноста.
Работата на собраниските известувачи е нивна професионална обврска и задача и поради тоа ги повикуваме институциите да им овозможат на новинарите, снимателите и фоторепортерите да им овозможат да ја извршуваат својата работна задача. Исфрлањето на новинарските екипи од парламентот во моментот кога таму се случува настан од интерес на јавноста е досега непознат преседан за новинарската професија. Доколку на медиумите не им биде овозможено непречено да ја извршуваат својата работна задача ССНМ ќе ги информира сите релевантни домашни и меѓународни организации за заштита на новинарите . Воедно ги повикуваме колегите да информираат професионално, точно и вистинито во интерес на јавноста и граѓаните.
Седницата се пренесува на собранискиот канал – на следниот ЛИНК