Почна судењето на полицаецот од Свети Николе кој уби 30 годишен маж


Започна судскиот процес против полицаецот од Свети Николе, кој лани во септември го застрела 30 годишниот Далибор Илиевски.

Според Основното јавно обвинителство, пред да се случи убиството имало вербална расправија помеѓу полицаецот и Илиевски, која настанала по кавгата на Далибор и еден велосипедист кој му го успорувал движењето со автомобилот.stip zatvor

Откако полицаецот се обидел да го легитимира, Далибор започнал да го движи возилото држејќи го службеното лице за рака, а откако ја зголемил брзината полицаецот паднал на земја. Иливески на два наврати се враќал во намера да го прегази, по што полицаецот пукал во него во полуседечка положба. Соседите и роднините тогаш изнесоа друга верзија на настанот.

-Значи еден истрел имаше.-изјава сосед.

– Колата поминала, полицаецот е бил од страна и еве вака е пукал во него, од страна, и лево е погоден кај срцето-изјава Стефче Илиевски, брат на Далибор.

Семејството на Илиевски верува дека преку  судскиот процес ќе се дознае што навистина се случило.

-Ќе видиме како ќе биде, но пред се првдата треба да си излезе на виделина-изјави Бошко Илиевски, тако на починатиот Далибор.

Далибор е татко на три малолетни деца, а неговите сопруга и мајка велат дека најповеќе стравуваат за нивната егзистенција, зашто немаат скоро никаков извор на приходи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1