Триесет и четири годишниот Алекс Луис од Стокбриџ во Англија, татко на тригодишно детенце, е во тешка состојба, откако останал без рака, нозе и пола лице.
Причината за неговата ужасна и тешка состојба е бактерија која го јаде месото со неверојатна брзина, па несреќниот Алекс по само четири месеци остана без дел од екстремитетите и половина лице. Лекарите на Алекс морале да му ги отсечат двете нозе и левата рака, затоа што стапалата, прстите, усните и делови од ушите целосно му поцрнеле.
Неговите витални органи едноставно откажале по само една недела и тој бил во кома, кога смртоносната бактерија почнала да го јаде неговиот организам. А се започнало по само четири месеци и тоа со обична настинка, но лекарите набрзо му рекле дека крвта му е инфицирана со стрептококом – обично безопасна бактерија која телото само ја исфрла. Кај несреќниот Алекс, дошло до компликација – тој добил сепса и паднал во шок, а лекарите му давале 3% шанси да преживее.
Првите симптоми ги почувствувал една ноќ кога станал од кревет и кога отишол во тоалетот, по што забележал дека уринира крв. Веднаш помодрел, а неговата партнерка Луси, со која живее, веднаш го префрлила во болница каде и рекле дека нема да ја преживее ноќта. Но неговата животна снага била јака. Алекс не само што ја преживеал ноќта, туку и останатите ужаси кои следувале, а пред се ужасната ампутација.
По се што поминал, самиот дури бил зачуден како воопшто останал жив, а се надева дека еден ден ќе стане на свои нозе, поточно на протезите како оние кои ги носи хендикепираниот атлетичар Оскар Писториус.