Почнало со обична настинка – бактерија му ја изела раката, нозете и половина лице


Триесет и четири годишниот Алекс Луис од Стокбриџ во Англија, татко на тригодишно детенце, е во тешка состојба, откако останал без рака, нозе и пола лице.

bakterija-foto-dejli-mejl-1394895368-462481Причината за неговата ужасна и тешка состојба е бактерија која го јаде месото со неверојатна брзина, па несреќниот Алекс по само четири месеци остана без дел од екстремитетите и половина лице. Лекарите на Алекс морале да му ги отсечат двете нозе и левата рака, затоа што стапалата, прстите, усните и делови од ушите целосно му поцрнеле.

Неговите витални органи едноставно откажале по само една недела и тој бил во кома, кога смртоносната бактерија почнала да го јаде неговиот организам. А се започнало по само четири месеци и тоа со обична настинка, но лекарите набрзо му рекле дека крвта му е инфицирана со стрептококом – обично безопасна бактерија која телото само ја исфрла. Кај несреќниот Алекс, дошло до компликација – тој добил сепса и паднал во шок, а лекарите му давале 3% шанси да преживее.

Првите симптоми ги почувствувал една ноќ кога станал од кревет и кога отишол во тоалетот, по што забележал дека уринира крв. Веднаш помодрел, а неговата партнерка Луси, со која живее, веднаш го префрлила во болница каде и рекле дека нема да ја преживее ноќта. Но неговата животна снага била јака. Алекс не само што ја преживеал ноќта, туку и останатите ужаси кои следувале, а пред се ужасната ампутација.

По се што поминал, самиот дури бил зачуден како воопшто останал жив, а се надева дека еден ден ќе стане на свои нозе, поточно на протезите како оние кои ги носи хендикепираниот атлетичар Оскар Писториус.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1