Почнува лудилото во Бразил (Фото)


Подготовките за најпознатиот карневал во светот, оној во Рио траеја со месеци – во училиштата за танц се вежбаа движењата, се креираа и шиеја костими, убавиците осмислуваа на кој начин да изгледаат што попривлечни.

Zagrevanje za karneval, foto 1На тоа дојде крајот – вечерва почнуват деновите на самба и веселбите, на кои ќе бидат присутни околу три милиони туристи, вклучувајќи ги и ѕвездите на јужноамериканскиот фудбал. Додека во Европа имаше временски неприлики проследени со бури и прекини во електроснабудвањето, на улиците во Рио температурата достигна степен на вжештување затоа што карневалот ќе го посетат половина милион странски гости. Над илјада волонтери добиле задачи како да го ддржат редот и ги дочекаат фудбалските ѕвезди, во прв ред, Нејмар, Роналдињо и легендарниот Зико.

Karneval, foto 1

Најдобрите самба групи ќе се натпреваруваат со звуците на тапаните и величенствениот огномет на познатиот стадион „Самбадром“, а Министерството за здравство во Бразил веќе почна бесплатно да дели презервативи. Се очекува и доаѓање на многу познати личнсоти од светот на глумата, музиката и манекенството, затоа што последните години во Рио се видени Памела Андерсон, Џуд Лоу, Жизел Бундшен и нејзиниот сопруг, суперстарот на НФЛ, Том Брејди.

Карневалот официјално почнува вечерва и ќе трае до 4 март, но танчерските поворки почнаа уште во понеделникот долж Ипанема.

Zagrevanje pred karneval, foto 2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1