Грција се наоѓа во тешка состојба поради тоа земјата почна да распродава се што може, дури и амбасадите од Лондон до Белград.
Ќе се продаваат и дипломатските резиденции во странство, се продава и раскошната викторијанска зграда во Лондон која некогаш беше резиденција на грчкиот генерален Конзул.
Претходно Грција најави дека некои острови ќе ги додели на концесионери.
Грчкиот министер за финансии открил нешто од што се плашеле повеќето грци, а тоа е дека со регистрирање на падот на бруто домашниот производ на 25 %, до 2014 година , стопанството во земјата неизбежно лизга во депресија и тоа не било каква туку како онаа во 1930 година.
Од моментот кога Грција првпат побара финансиска помош во 2010 година во висина од 110 милијарди евра нема никакво напредок- барем не во очите на финансиската тројка.
За многу Грци некои работи што ги дозволува владата не се во ред. Велат дека на странците им се дозволило многу повеќе, тие едноставно ја окупирале земјата и сега нивната земја ќе ја купат по најниска цена.
Но Грција не е единствената загрозена земја која што се справува со кризата, Португалија започна со продажбата на енергетските капацитети на Кина, додека државните плиноводи ќе им бидат продадени на кинеско-оманското партнерство. Државната авиокомпанија ТАП, како и поштата исто така одат во пакет за продажба.
Ирска исто така продава дел од енергетските капацитети кои се во државна сопственост, како и дел од шумите. Шпанија продава туристички локации, компаниите за превоз и околу 100 деловни згради. Италија исто така ќе распродава. Не се знае уште што точно, но сигурно е дека се работи за државен имот во вредност од околу 100 милијарди евра.