Синот на Аркан бара имот од Цеца!


Михајло Ражњатовиќ (36), најстариот син на убиениот Жељко Ражњатовиќ Аркан, ја поништил наследничката изјава, со која во март 2000 год. се согласил дека целиот имот ќе и припадне на пејачката Цеца Ражњатовиќ (38), и го бара својот дел од татковиот имот, пишува белградски  „Ало!“.

Синот на Аркан од неговиот претходен брак со Швеѓанка, во присуство на својот адвокат отишол во суд, каде го повлекол својот потпис од пред 12 години.

-Михајло во изјавата наведе дека бил ментално здрав кога ја потпишал наследничката изјава, но дека таа е неточна и дека бил во заблуда кога ја потпишувал. Побарал таа да се поништи, а тој ја поништи изјавата со една реченица. Упатен е да покрене парнична постапка во врска со имотот на Аркан, што тој се` уште тоа не го направил. – рекол добро информиран соговорник завесникот „Ало!“.

Оваа одлука следела откако тој се посомневал дека тестаментот на неговиот тато е фалсификуван, Инаку, оставинска постапка  била започната пред две години, од претходната сопруга на Аркан, Наталија Мартиновиќ, со која има четири деца, Михајло Ражњатовиќ и Ангела Ражњатовиќ Стевановиќ, ќерката на Аркан од бракот со белградската глумица Лилјана Мијатовиќ. Меѓутоа, постапката застанала токму поради поништување на наследничката изјава на Михајло Ражњатовиќ.
-Кога Михајло ќе ја покрене и заврши парницата, ќе може и да продолжи оставинската постапка. Оставинската постапка за покојниот Аркан никогаш не ни започнала. Водена е оставинска расправа само помеѓу Цеца и Наталија, и тоа само за куќата, но главната оставинска постапка никогаш не е покрената. Аркан има девет деца и сите се заинтересирани за дел од наследството, а тоа ќе го побараат и преку суд –рекол за „Ало!“ пријател на семејството Ражњатовиќ.

И додека Михајло Ражњатовиќ и Наталија Мартиновиќ не сакаат да дадат изјава за медиумите, Војин Мартиновиќ (29), синот на Аркан од бракот со Наталија што живее во Америка, во јануари изјавил дека тестаментот за оставината на Аркан е лажиран.

Tags: , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1