Почнува судењето за „Монструм“


Судењето за петкратното убиство кај Смилковското езеро, почнува денеска.

smilkovskoНа обвинителната клупа ќе седнат Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири, додека Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сe уште се во бегство.

Како што пишува Вест Судскиот процес ќе го води судијата Ивица Стефановски, обвинителка во случајот е Гордана Гешковска, а обвинетите ќе ги брани адвокатот Насер Рауфи.
Според исказот на Азири, кој сам се откажа од статусот заштитен сведок, на 12-ти април годинава, Велики четврток, на обиколницата кај Качанички пат ги пречекал Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои дошле со автомобил „опел омега“. Му кажале дека убиле човек и му рекле да вози до неговиот дом.

Смилковското езеро било под концесија на еден од обвинетите, Фејзи Азири, чичко на Хаки Азири, кому по убиството му е одземена концесијата.

На 12-ти април годинава без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Извор Вест

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1