Почнува Светското фудбалско првенство во Русија


Со натпреварот меѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија денес во 17 часот од „Лужинки“ во Москва ќе стартува 21. Светско фудбалско првенство.

На Мундијалот ќе настапат 32 репрезентации поделени во осум групи.

Во А групата ќе играат: Русија, Уругвај, Египет и Саудиска Арабија.

Групата Б ја сочинуваат: Шпанија, Португалија, Иран и Мароко.

Ц-група: Франција, Австралија, Данска и Перу.

Во Д-групата ќе играат: Аргентина, Хрватска, Нигерија и Исланд.

Селекции кои ќе играат во Е-групата: Бразил, Швајцарија, Србија и Костарика.

Четирите учесници во групата Ф се: Германија, Мексико, Шведска и Јужна Кореја.

Белгија, Англија, Тунис и Панама ќе се натпреваруваат во Г-групата.

Х-група: Полска, Колумбија, Јапонија, Сенегал.

Ќе се игра по систем секој со секого, а првите две од секоја група одат во следната рунда. Групната фаза ќе трае од 14 до 28 јуни. Осминафиналето ќе се игра од 30 јуни до 3 јули. Четвртфиналето е закажано за 6 и 7 јули, а полуфиналните дуели за 10 и 11 јули. На 14 јули е натпреварот за 3.место, а финалето ќе се игра на 15 јули.

Мундијалот ќе се игра на 12 стадиони во 11 градови>
Москва – „Лужники” (капацитет 81.000 илјади) „Откритие Арена“ (45.360)
Санкт Петербург – „Крестовскиј“ (68.134)
Казан – „Казан Арена“ (45.379)
Калинград – „Калинград Стадиум“ (35.212)
Сочи – „Фишт“ (47.659)
Волгоград – „Волгоград Арена“ (45.568)
Саранск – „Мордовија Арена“ (44.442)
Нижниј Новгород – „Нижни Новгород“ (44.899)
Самара – „Самара Арена“ или „Космос Арена“ (44.918)
Ростов на Дон – „Ростов Арена“ (45.000)
Екатеринбург – „Екатеринбург Арена“ (35.696).
За изградба и модернизација на објектите за СП, Русија вложи околу девет милијарди евра.

Влезниците за натпреварите во зависност од фазите се по цена од 90 до 950 евра.

Бранител на трофејот е Германија. Се очекува ова да биде едно од најнеизвесните првенства. Нема изразен фаворит, а меѓу најголемите претенденти за трофејот според фудбалските аналитичари се Бразил, Германија, Шпанија, Аргентина и Франција.

Досега најмногу трофеи има Бразил – пет, но „кариоките“ не биле на тронот уште од 2002 година и се надеваат дека ова е голема шанса повторно да го освојат Мундијалот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1