Почина автомобилскиот виртуоз, Пининфарина



Почина легандарниот  автомобилски дизајнер Пининфарина, чии емоции се преточени во дел од најубавите автомобили во историјата  Maserati, Ferrari, Fiat и Alfa Romeo.

Неговиот потпис е украс на вонвременските „Италијански заводници“  Ferrari Testarossа, Fiat Dino и 124 Spider, Ferrari Dino,  Maserati GranTurismo, но во својата неколкудецениска кариера соработуваше и со други автомобилски компании како што се Peugeot и Mitsubishi. Веднаш по дипломирањето се вклучи во семејната компанија и набрзо стана еден од водечките дизајнери. По смртта на неговиот татко, тој стана и претседател на компанијата “Pininfarina”.

Со својот прогресивен дух ја претстави не само функционалната туку и возбудливата страна на автомобилите, за тоа остроумно сведочат Ferrari F40, Enzo Ferrari, Dino Berlinetta Speciale. Во чекор со новите технологии се залагаше за максимално намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови. Во 1972 година, го отвори првиот воздушен тунел во Италија што беше реткост во светот во тоа време.

Добитник е на бројни признанија награди и почесни титули на универзитетите. Серџио Пининфарина е роден во 1926 година, почина на 85 годишна возраст. Причината се уште не е позната, сепак според италијанските медиуми веќе подолго време бил болен.

<iframe width=”560″ height=”315″ src=”http://www.youtube.com/embed/vd65Y_mgBVM” frameborder=”0″ allowfullscreen></iframe>

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1