Жена во градот Алепа ја минувала улицата со својот син кога била погодена со снајпер.
CNN ја објави драматичната снимка како додека насекаде летаат куршуми еден тинеџер кој бил во близина се обидел да и помогне на кутрата жена.
Тие се обиделе да и викнат на жената да се засолни но таа не ги чула, тогаш снајперистите стрелале во нејзин правец и таа паднала погодена на земјата.
Снајперистите не престанале со пукање и момчето сакал да се обиде да ја спаси.
Отползел до неа и и врзал јаже за ногата за да може да ја одвлече на сигурно.
,, имав чуство дека е жива и дека можам се уште да и помогнам, па ако умрам и јас покрај неа, тогаш тоа е божја воља.,, изјавило момчето.
Тој успеал да ја одвлече од улицата и да повика брза помош, но жената починала од прострелната рана пред да пристигнат лекарите.