Под хаубата на автомобилот пронашле питон долг 5 метри


Брачна двојка која патувала по Јужноафриканската Република доживеала непријатно изненадување коха под хаубата на својот автомобил пронашле питон долг пет метри.

Британците Мерлин (38) и Леон Свонпул (51) биле во посета на националниот парк Кругер во Јужноафриканската Република.

За време на патувањето низ дивината двојката застанала кратко за да се одмори кога женка питон излегла од грмушката и тргнала кон автомобилот. По извесно време Мерлин и Леон ја изгубиле од вид змијата па го продолжиле патувањето.

Меѓутоа кога Леон продолжил да вози од моторот почнале да доаѓаат чудни звуци. Кога ја поткренал хаубата глетката го запрепастила. Џиновска змија се замотала околу моторот на автомобилот. Откако не успеале во намерата да ја избркаат надвор, Британците го продолжиле своето патување уште 5 километри со надеж дека ќе најдат некој кој ќе им помогне.

На крај се паркирале, ја отвориле хаубата и змијата сама го напуштила автомобилот. За Мерлин Свонпул ова е искуство кое засекогаш ќе остане во нејзините сеќавања.

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1