Видео: Тинејџер ја снимил мајка си додека месечари


Тинејџер кој на Youtube се потпишал како “stillsoundlyawake” поставил снимка од својата мајка која месечари. Жената е фатена во куњата како игра во ноќница и разговара со синот, а за цело тоа време спие.

-Што правите госпоѓо? – прашува на снимката синот.

Со отворени очи но и понатаму во сон мајката објаснува дека се обидува да ја отвори жичаната структура која се користи за одгледување на домати.

– Станува збор за тајна шифра. Направив се но кафезот не сака да се отвори, зборува жената во сон.

Момчето не се откажува и продолжува со разговорот со мајка му која му објаснува дека кафезот за одгледување на домати се наоѓа некаде далеку и дека многу е нервозна што не може да го отвори.

По последното движење жената ја напушта кујната и се враќа во својата спална соба.

Следниот ден синот и ја покажал снимката на својата мајка, а таа не можеја да поверува за што се е способна нејзината подсвест.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1