Под мотото “Да ја исплакнеме сапуницата од себе“ стартува CINEDAYS


Отворањето на фестивалот во Кино Милениум е во 20:00 со филмот „Shangai Gipsy“ во режија на Марко Набершник, освојувачот на наградата за најдобро сценарио на престижниот филмски фестивал во Монтреал. Во филмот главната улога ја толкува нашиот актер Висар Вишка, а во актерската екипа на филмот е и нашиот Сенко Велинов.


“CINEDAYS “ се грижи за искрените вљубеници на европскиот филм и продолжува со вообичаената традиција –  во слободна продажба се пуштени 250 билети или 50% од капацитетот на Кино Милениум, сево ова за сметка на протоколот, кој е драстично намален поради горенаведените причини.

Фестивалот ќе го отвори министерката за култура. Г-ѓа Елизабета Канчевска-Милевска

По проекцијата, во МКЦ, до раните утрински часови со музиката на Тони Китановски и култните Черкези.

Во еднинаесетте фестивалски дни, од 15-ти до 25 ноември, публиката ќе може да ужива во 107 филма, меѓу кои и 40 гала премиери филмови победници на Кан, Венеција, Берлин, Сан Себастијан…на режисери како Копола, Бертолучи, Вуди Ален, Ханеке,Тиквер.

Во програмата „Земја во фокусот“ оваа година е  кинематографијата на Египет и ќе бидат прикажани документарни филмови за Арапската пролет. Нивен селектор е Шериф Авад, филмски уредник на списанието Egypt Today, кој е и член на жирито за официјалната конкуренција ма фестивалот. Во жирито се и  македонскиот режисер Вардан Тозија и Јан Харлан – продуцент на филмовите на Стенли Кјубрик, кој е меѓу ѕвездите на „Синедејс. Гости на фестивалот ќе бидат и Горан Паскаљевиќ, Маја Милош – режисерка на српскиот филм  „Клип“ кој доби награда на фестивалот во ротердам, Андреас Дрезен, големото име на германската кинематографија“.

“Синедејс“  нуди и богата придружна програма – предавања и работилници меѓу кои и она на др. Ричард Грејсон од Универзитетот Оксворд кој ќе говори за „Холивудската културна машина:производство и извоз на американскиот сон“ како и на познатиот продуцент, Јан Харлан кој ќе ги открие тајните на „Музиката како алатка за пишување сценарио„.
Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани и неколку музички документарци, кратки филмови од македонската продукција, а за првпат публиката ќе има можност да ужива и во  поетски филмови. По секоја фестивалска вечер, организаторите ветуваат добра забава со познати ди џеи и концерти меѓу кои на 24 ноември во МКЦ ќе настапи познатиот „Беи д фиш“ со опусот на Оливер Мандиќ.

Филмовите ќе се прикажуваат во кината „Милениум“ и „Фросина“ и во Кинотеката на Македонија. Влезницата за секој филм е 100 денари.

Повеќе информации за фестивалот ќе дознаете на страницата. www.cinedays.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1