Видео: Америка крие повеќе од 130 подземни бази


Филип Шнајдер кој почина на 16 јануари 1996, а последните две години од својот живот ги посвети на разоткривање на многу воени тајни обелодени многу вистини кои на почетокот не беа сериозно сфатени добија на тежина по неговата мистериозна смрт.

Шнајдер најверојатно работел како инженер за американската Влада и учествувал во проектирањето на подземни бази на целата територија на САД. Исто така се претпоставува дека тој е еден од тројцата луѓе кои преживеале фатални пресметки со вонземјанци кои се случиле во во една подземна база во Ново Мексико во 1979 година.

Негова тогашна задача била работа на проширување на базата, а тоа вклучувало и истражување на подземјето за да може да се направат соодветни експлозиви за разбивање на одредени типови карпи.

Во една таква експедиција заедно со своите соработници налетал на пештера полна со непријателски расположени вонземјанци кои имале оружје во облик на кутија која ја носеле на прстите и која исфрлала смртоносна количина на зрачење. Шнајдер наводно бил ранет од такво оружје, па поради доа се разболел од рак па затоа ја напуштил работата и се посветил на разоткривање на вистината. Меѓу фактите на таа вистина спаѓаат и оние за вонземјанците кои веќе долго време престојуваат на нашата планета. Според неговите проценки тие се тука повеќе од милион години. Тој тврдел дека постои и црн фонд во американскиот буџет и дека во него годишно се слеваат неколку трилиони долари кои се користат стрикно за овие подземни бази и за нивните тајни операции.

Во своите говори детално ги опишал наводните подземни комплекси кои се наоѓаат под аеродромот во Денвер, мрежи кои подземно се поврзани. За жал, додека беше жив не дал конкретни докази кои би ги потврдиле неговите изјави, но се поголем е бројот на оние кои веруваат на неговите искази.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1