Подметнат пожар во зграда во Ново Лисиче


Вчера во 11 часот пироман подметнал пожар во ходник од станбена кула на булеварот АСНОМ во Скопје.

pozarОштетени се електричната инсталација, телекомуникација, внатрешноста на ходникот, додека од чадот лекарска помош во Клинички центар побарале станарите М.Д.(62) и Љ.С.(50). Пожарот е локализиран, а се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Двајца станари се пожалиле на проблеми со дишењето и биле пренесени во болница, соопшти СВР Скопје. Жената е задржана на лекување, додека другиот станар е пуштен на домашно лекување.

Сторителот во противпожарниот претпростор и ходник со запалива течност предизвикал пожар и избегал. Станарите го забележале пожарот и пријавиле, по што противпожарната единица за брзо време го изгаснала.

Во пожарот изгорел претпросторот и некои стари работи кои се наоѓале во ходникот. Полицијата трага по сторителот кој го подметнал пожарот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1