Поевтино е – направете Мекици сами – рецепт


Потребно е: 1 кафена лажичка шеќер, 1 кафена лажичка сол, 1 шолја за кафе масло, 1 квасец и 1 кг брашно.

mekiciПодготовка:

Квасецот се раствора во една чаша млака вода. Потоа во длабок сад се меси тестото каде што претходно се ставаат солта и шеќерот, постепено се додава брашното и надојдениот квасец (ако има потреба, додаваме уште малку топла вода).

Откако тестото добро ќе се измеси, се остава да отстои на топло за да нарасне. Откако ќе го удвои волуменот, во тава на оган се загрева поголемо количество масло.

Со мрсни раце од тестото се кинат парчиња и се обликуваат тркалезни форми и една по една се пржат. Откако ќе се испржат, ставете ги во чинија со салфета за да се собере вишокот од масло.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1