Поевтино и потопло парно во Автокоманда


Парното од Елем Енергетика почна да ги грее сите жители на Автокоманда. Компанијата завчера доби дозвола од Регулаторната комисија за енергетика за проширување на снабдувањето и дистрибуцијата со топлинска енергија во оваа населба .

parnoГраѓаните задоволни – ќе имаат од 15 до 20 отсто пониски сметки и потопло парно кое ќе биде вклучено 24 часа.

90% од граѓаните на Автокоманда досега се грееја преку Топлификација. За да може да ја снабдува целата населба, ЕЛЕМ инвестираше милион и 700 илјади евра во топловод долг два километри.

Преку ЕЛЕМ Енергетика, освен жителите на Автокоманда, се греат и граѓаните од Железара, Маџари, Хиподром и Триангла. Компанијата планира и натаму да ја шири мрежата и да го зголемува бројот на корисници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1