Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот за два денари по литар. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати. Со тоа цената на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78 денари, а литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се точи за 79,50 денари.
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2 денари по литари ќе се продава за 66 денари додека малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит и со тоа цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 55,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,731 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 10.03.2014 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 40,195 ден/кг.
Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,29 %, односно за 1,93 % во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 10.03.2014 година.