Спотот за песната „Writing’s on The Wall“ на Сем Смит, која е снимена за претстојниот нов филм за Џејмс Бонд, конечно ја видел светлината на денот.
Ова видео на фановите им донело дел од новите сцени од филмот „Spectre“, па така и една жешка сцена во која гледаме страсен бакнеж меѓу агентот 007, или Даниел Крег и Бонд девојката, италијанската актерка Моника Белучи.
Забележливо е дека во овој спот има многу малку акциони сцени, што е необично за едно Бонд-видео, а тоа им пречи на многу од фановите.