Кога се нема каде, а некому му се сака, тука се темните улички, Водно и парковите за интимна дружба на запалените љубовници, пишува Вечер. Иако законот предвидува казна од 100 до 400 евра за секс на јавно место, годинава не е изречена ниту една ваква казна.
-Секс на јавно место може да се санкционира по член 4 од законот за прекршоци, за дрско и непристојно однесување во јавност. По овој член полицијата има постапено, но само за другите ставки како карање и викање. Но, за сега не е изречена ниту една казна за секс на јавно место- велат од МВР.
– Секс на јавно место како прекршок не е опфатен во член 3 во прекршоци против нарушување на јавниот ред и мир, но може да се санкционира по член 4 од истиот закон за дрско и непристојно однесување во јавност. Сепак, под член 4 за дрско и непристојно однесување влегуваат повеќе ставки како на пример карањата и викањата. По овој член полицијата има постапено, но само за другите ставки како карање и викање каде МВР има изречено 82 казни годинава против 104 прекршители. Поточно годинава, барем сега-засега не е изречена ниту една казна за секс на јавно место, велат од полицијата. Значи, подобро да се сексате отколку да се карате!