Денес во 14 часот на градските гробишта во Куманово, беше погребана 15-годишната Теодора Цветковска. Девојчето завчера им подлегна на повредите.
Теодора настрада во неделата кога во неа удрил автомобил додека чекала да помине на пешачки премин во Куманово.
До вечното почивалиште ја испратија членовите на нејзиното семејство, роднините, пријателите, другарите, соучениците, професорите и голем број на граѓани.
Foto – puls24