Видео: Инцидент пред Општина Центар


По вербална расправија на влезот во Општина Центар, демонстрантите влегле во дворот на општината, пишува А1Он. Тие револтирани извикувале „Неверници“, „Господ ќе ве казни“, „Предавници“.

incident-ops-centar-603x320Жителите на Центар, пак, ги обвиниле демонстрантите дека доаѓаат од други скопски населби, а не од Општина Центар. На ова демонтрантите возвратиле дека Центар им припаѓал на сите граѓани, па затоа скопјани и од други општини протестираат против уривањето на „Св. Константин и Елена“, пренесува порталот.

– Кој ве лаже дека ќе се урива црквата и кој ве злоупотребува, прашувале дел од жителите на Центар, пишува А1он. На ова, демонстрантите одговориле дека се сигурни дека „Св. Константин и Елена“ ќе биде урната.

Еве дел од атмосферата на протестите.

A1on

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1