Погребот на Оливер Драгојевиќ закажан во среда: Со катамаран на последно патување од Вела Лука до родната Корчула


Пејачот Оливер Драгојевиќ ќе биде погребан во среда, најверојатно во попладневните часови во неговата Вела Лука.

Тоа за хрватските медиуми го потврди синот на пејачот, Петар Драгојевиќ.

Сплиќаните Оливер од кејот ќе го испратат во вторник, а организацијата ја презеде Град Сплит. Градоначалниот Андро Крстуловиќ Опара издаде налог до Јадролинија за еден катамаран и нарача посебно возило кое ковчегот ќе го пренесе од црквата Св. Фране на кејот до Лучката капетанија.

На последното патување во родната Корчула Оливер ќе отпатува со катамаран заедно со членовите на семејството, и со групата Дупини со цела деценија соработуваше.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1