Појадок од срце (Фото)


Појадокот велат е најважен оброк во денот – ако е така зошто да не е направен со љубов и од срце. еве неколку идеи како од обичните состојки на еден појадок да направите нешто навистина прекрасно што сигурно ќе ја измами насмевката на вашиот партнер или на децата.

А додека го подготвувате појадокот еве и прекрасна љубовна песна 🙂

ИДЕЈА 1 – срце од виршла и јајце

Се што ви треба е виршла, јајце, чачкалица.

Виршлата претходно обарена се сече на половина, се спојуваат краевите во форма на срце и се зацврстува со чепкалката.

Кога виршлата ќе е во загреаното тавче, внимателно скршете го јајцето во празниот простор на виршлата.

ИДЕЈА 2 – тост од срце

За овој појадок можете да изберете неколку солуции. И тоа слатки и солени

  1. пржени лепчиња
  2. потпечени лепчиња
  3. обичен леб (тазе)

направете со остар нож срце во кришката леб. Или пак друга фигура зависи од намената.

Подгответе го лебот онака како што сакате ( пржен или потпечен. Едната солуција е внатре да скршите јајце ( може и матено или на око) другата солуција е да го наполните со мармалад или со она што вам ви е повкусно.

Не ги фрлајте отстранетите делови од лебот.

Доколку сте успеале да извадите совршено срценце зачувајте го ќе ви послужи за декорација

ИДЕЈА 3 – варено јајце – срце

Доколку сепак не сакате јајаца на око или кајгана и повеќе милувате варено јајце и за тоа има ,,љубовна,, варијанта.

Веднаш штом ќе се свари јајцето излупете и додека е топло во лист хартија ( превиткан како на фотографијата)

ставете го јајцето и одозгора притиснете со молив, стапче за ражнич или слично. Краевите зацврстете ги со ластиче. Додека да се излади јајцето а вие да го подготвите останатиот дел од појадокот јајцето ќе добие форма на срце.

Еве уште неколку фото идеи за совршен појадок со многу љубов – Добро утро :)

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1