Аргентинската полиција заплени повеќе од половина тон кокаин на аеродромот во Буенос Аирес.
Kокаинот бил наменет за европскиот пазар каде вреди околу 25 милиони долари.
Кокаинот го откриле специјално обучени кучиња, соопштила директорката на аргентинската царинска служба Марија Сиомара Ајеран.
Дрогата била сокриена во пакетичиња во пратка со машини, наменети за нафтена компанија во Лагос, Нигерија – фирма која не постои, изјавила Ајеран.