Политичари, новинари и јавни лица: Кој се бил прислушуван од мрежата на Заев?


Премиерот Никола Груевски имаше обраќање до граѓаните во кое информираше за денешната акција “Пуч”.

-Во перидот помеѓу септември и ноември, остварив четири средби со Зоран Заев. Првата средба беше негова иницијатива и тој од мене побара формирање на техничка влада. Другите средби беа поврзани со првата. Потоа ме информираше дека од одредена странска разузнавачка служба добил телефонски разговори од целиот државен врв, почнувајќи од претседателот на државата па се до сите политички и јавни лица, изјави Груевски при тоа додавајќи дека тој неколку пати го прашал Заев дали е сигурен во тоа што го говори и дали навистина станува збор за странски разузнавачка служба.telefon prisluskuvanje

Од Заев добил потврдни одговори.

-Потоа ми раскажа дел од телефонските разговори, по што заклучив дека дел се вистина, дел полувистина а дел невистинити, по што укажав на сериозноста на ситуацијата. Потоа тој почна јавно да говори за ваквите разговори. Не можев да поверувам дека човек кој сака да ја води државата ми откри дека соработува со странски разузнавачки служби и ми се заканува со разговорите за техничка влада. Тој со странската разузнавачка служба соработувал нелегално за да го добие тој материјал. Ми кажа дека имал и серија средби со нив и се наврати на барањата за техничка влада. За сето ова постојат црвсти докази.Денес се поднесени кривични пријави за четири лица, меѓу кои е и лицето З. З. Со делата на лидерот на опозицијата се прави штета на државата, а партиски гледано нам најмногу ни одговара тој да продолжи да биде нашиот противник. Но јас ве повикувам да се запрашате што би направил секој од вас ако е на мое место? Закани, уцени и вакви местенки не прифаќам и не проаѓаат.Ние не сме македончиња, туку Македонци! Ве повикувам сите да го следите случајот со внимание. Од денес ќе слушате секави шпекулации, но за се постојат цврсти докази и за сите прашања ќе одговорам за време на судската постапка, додаде Груевски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1