Направете си сами „макаронс “ колачиња


4 белки

70 г. шеќер

230 г. шеќер во прав

120 г. мелени бадеми

прехрамбена боја

фил по желба ( како крем, Нутела, мармалад, слатка павлака, шлаг крем)hrana-macaroons06-1024x768

 

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 120 степени.

2. Белките и шеќерот изматете ги со миксер, додека не добиете цврста смеса. Потоа додадете прехрамбена боја и матете уште некоја минута.

3. Просејте бадем и шеќер во прав, а притоа отстранете ги крупните трошки со просејување, да ви остане само ситен прав. Постепено и внимателно поврзете го тоа со белките. Смесата треба да биде лесна и густа, да не се разлева.

kolaci-1024x430

4. Во тепсија ставете хартија за печење, а потоа ставете ја смесата во шприц и полека нанесете на тепсијата, во облик на мали топчиња – печете 15 до 20 минути.

5. Поврзете две колачи и ставете фил меѓу нив. За тоа можете да користите мармалад или слатка павлака, крем шлаг или обична растопена чоколада.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1