Полицаец ја шутна бомбата накај нас, ја подигнав и таа експлодира – тврди повредениот комита!


Повредениот навивач на Комитите 37 годишниот Скопјанец Горан Николовски – Турчин во ексклузивно сведоштво од болничкиот кревет за порталот спорт медиа.мк за дилемата му ја украл ли шок бомбата на специјалецот или не вели

navivaci1Кога ќе ги затворам очите ми се враќаат слики и тешко ми е да заспијам. Знам дека излегле разно-разни видеа и дека се пишуваат триста глупости, но само јас ја знам вистината. Искрено, не знам како првично стигна до мене бомбата, но сигурен сум дека не ја одземав од некој полицаец. Точно е дека мавтав со неа бидејќи сакав да ја фрлам, но во тие моменти таа воопшто не беше активирана. Потоа, во хаосот ми ја бутнаа од рака и ја изгубив од вид. Кој ја активирал во меѓувреме, како се активирала, воопшто не знам. Само забележав дека еден полицаец ја шутна кон нас. Мислејќи дека е солзавец, ја подигнав и се случи тоа што се случи. Не дај боже да му се повтори на некој друг“, неволно раскажува Николовски бришејќи ја потта од своето чело.

Целото интервју со повредениот Турчин прочитајте го на спорт медиа.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1