ПИЛОТОТ ПРИЈАВИЛ БОМБА: Авион принудно слета пратен од воен авион – уапсен патник!


Патнички авион на Катар Ервејвс слетал во Манчестер во придружба на британски воен авион, откако пилотот пријавил сомнителна направа. Британското министерство за одбрана соопшти дека воениот авион бил веднаш активиран со цел да го истражи патничкиот авион откако пилотот побарал помош.

Авион од британските воздушни сили (RAF) започнал да го следи патничкиот авион, откако пилотот ја известил контролата на летови дека во неговиот авион би можело да има експлозивна направа.BuRp4HzIUAApz6k

“Авионот кој доаѓаше во Манчестер беше придружуван од RAF поради информација која ја добил пилотот дека постои можна опасност во авионот”, изјавил Џон О’Хара, шеф на полицијата во британскиот град Манчестер, пренесува Metro.

На патниците им било дозволено да го напуштат авионот, а аеродромот продолжил нормално да функционира, ќе биде зголемена безбедноста.

Во авионот се наоѓале 269 патници и 13 членови на екипаж. По слетувањето во Манчерстер полицијата одвела еден човек со лисици на рацете.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1