Во Њујорк е уапсен полицаец кој планирал да киднапира стотина жени. Сакал да ги испече во рерна и да ги изеде. Полицијата го открила откако ги пресретнала неговите емаил пораки со соучесникот по кого полицијата сеуште трага.
Полицаецот Жилберто Вале од Харлем имал целосно разработен план – во компјутерот му нашле над 100 имиња и адреси од жени кои полицаецот ги земал од датотеката на полицијата каде работел. Во една од пораките до соучесникот тој зборувал дека рерната би била доволна ако на жртвата и се свиткаат нозете и додал дека планирал да ја пече на тивок оган како би била жива што подолго време.
Иако ниту една жена не настрадала, помошник-директорката на ФБИ Мари Галиган изјавила дека деталите од обвинението биле застрашувачки. Полицаецот дури и се сретнал со една од жените, ја извел на вечера, но за среќа уапсен е пред да може да наштети некому.