Полицаец од Оклахома Сити во петокот е обвинет за силување и сексуално злоставување на шест жени и тоа додека бил на службена должност.
Полицаецот дури им се заканувал дека ќе ги уапси доколку му се спротивстават.
Дваесет и седум годишниот полицаец Д.Х. додека бил на должност силувал најмалку три жени, додека пак три жени присилил на орален секс.
Жртвите биле на возраст од 34 до 58 години, а полицаецот ги терал и да му ги покажуваат нивните интимни делови.
Некои од жртвите ги застанал на улица, а во еден од случаите провалил во домот на една жена, го исфрлил нејзиниот маж од куќата и ја силувал.