Љупчо Велковски, полициски службеник и родител, заврши со потрес на мозокот откако на синоќешните протести најпрво претпрел два удари со бекатон плочки, а потоа и удар со метална шипка во главата, кој бил доволно силен за тој да падне во безсознание, пишува Sitel.
– Минута, две бев на земја, притрча колега, ме крена и ме зеде под раце. Потоа ме прифатија уште двајца колеги и ме однесоа до амбулатното возило, па во градската болница, вели полицаецот.
Велковски, кој има 25-годишно искуство, апелира родителите да влијаат на своите деца и да ја намалат агресивноста бидејќи со неа ништо не се постигнува.
Триесет и осум повредени полицајци, од кои шест беа задржани на лекување ,е билансот од вчерашните протести
Видео од сведоштвото на полицаецот на ТВ Сител.