Центарот блокиран – неколку стотини на протестот – Големо полициско обезбедување


Слаба раздвиженост на граѓани е забележлива попладне на закажаното продолжување од протестите предизвикани откако најголемата опозициска партија СДСМ во вторникот емитуваше прислушувани наводни телефонски разговори на владини функционери за случајот со убиството на младиот Мартин Нешкоски на 5-ти јуни 2011 година при прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ.protest vlada policija

Бројот на присутните на протестот кој како и во вторникот е организиран преку повик на социјалните мрежи, а во средата доби поддршка од СДСМ, засега се проценува до 500 лица.

Тие според нивните искажувања пред зградата на Владата се дојдени неколку часа пред закажаниот термин, а полицијата во меѓувреме ги блокираше приодите, поставувајќи заштитни огради и добро опремени бројни полициски кордони.

Приодот кон просторот каде што во вторникот навечер се собраа над илјада демонстранти, е блокиран од полициски кордони од страна на мостот „Гоце Делчев“, од страна на булеварот „Илинденска“, и од страна на булеварот „Св. Климент Охридски“.

За разлика од вторникот, забележливо е дека полициските сили од почетокот на протестот сили се во потполна опрема, како и дека во овие моменти во околина на зградата се распоредени и бројни полициски возила за разна примена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1