Полицаецот Јаким Трифуновски осуден на доживотен затвор


Полицаецот Јаким Трифуновски е осуден на доживотен затвор откако Кривичниот совет на Основниот суд во Гостивар денеска го прогласи за виновен за двојното убиство што се случи лани на паркинг во градот.

trifunovskiНа досегашните рочиште во доказната постапка беа изведени доказите на вештите лица психијтари и псхолози. Тие ги потврдија своите искази дека обвинетиот Трифуновски не боледувал и дека делото го сторил при покачена афектна состојба.

Во претходните рочишта, пак, обвинетиот во својата одбрана кажа дека пукал во двајцата сограѓани за да го заштити својот и животот на својата ќерка, откако бил нападнат зашто е полицеац. Верзијата на сведоците се базира на тоа дека Трифуновски по куса расправија пукал во покојните кога тие веќе биле раздвоени и се одалечувале.

Убиството се случи на 28 февруари на улицата Кеј Вардар во Гостивар, кога Трифуноски, кој не бил на работа, со службениот пиштол ги застрелал Бесник Шехапи и Имран Мегди. 

Извор – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1