Педесет годишниот полициски инспектор кој денес околу 12 часот беше пронајден мртов во полициската станица во Пробиштип, имал прострелна рана во пределот на главата, јавува Курир.
Неговото безживотно тело било пронајдено во просториите на полициската станица, а неофицијално инспекторот по криминална техника сам си го одзел животот.
Увидот се уште е во тек, а по неговото завршување ќе бидат познати повеќе детали.