Во спортска сала „Градски Парк“ по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу КК „Работнички“ и КК „Куманово“ се случи напад врз полицајци.
Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во 20:45 часот Н.К.(23), Д.С.(19) и М.Д.(17) од Куманово со тврди предмети нападнале двајца полициски службеници.
Со ударите тие им нанеле телесни повреди.
Истите се приведени, извршен е разговор и по целосното расчистување ќе биде поднесен соодветен поднесок.